27 годишен тетовчанец украл ташна со телефон и платежни картички, полицијата го приведе

t

Полицијата во Тетово лишила од слобода 27-годишен жител на градот, осомничен дека одзел ташна со лични предмети, платежни картички и мобилен телефон.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 28 август 2026 година во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ц. (27) од Тетово.

Претходно, 45-годишна жена од село Ново Село пријавила дека во близина на бензинска пумпа во Тетово ѝ била одземена ташна во која имало лични предмети, платежни картички и мобилен телефон.

Полициските службеници ги пронашле одземените предмети, по што тие ѝ биле вратени на сопственичката.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против М.Ц. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

27 годишен тетовчанец украл ташна со телефон…

Полицијата во Тетово лишила од слобода 27-годишен…

Полицаец во Србија го убил зетот, внуката…

Граничниот полицаец Б.К. денеска во Велико Градиште,…

Германија гради 99 дата центри: Берлин сака…

Германија се подготвува за најголемиот бран на…

Иран подготвува атентат врз Барон? Нетанјаху го…

Секретарот на Високиот совет за национална безбедност…

За Непал да се воздигне од урнатините,…

На Непал му се потребни четири до…