275 од денешните случаи се реинфekции, четворица од починaтите биле целосно вaкцинирани

t

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции. Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.

Направени се 6.010 тестови

Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…