29-годишниот Александар Глигоровски е 61 жртва на трагедијата во Кочани
Денеска почина Александар Глигоровски кој беше втор пациент кој се лекуваше во Литванија по пожарот во Кочани. Се работи за лице на 29-годишна возраст. Тој бил во критична состојба уште од почетокот.
-Неговата состојба се влоши од 4-ти април, а вчера бил ставен на хемодијализа. Почина во 11 часот. Би сакал да изразам сочувство до семејството на Александар. Имаме уште двајца критични пациенти, рече министерот.
Според последните информации, во странство се лекуваат 66 пациенти, а во македонските болници има 10. Засега нема други пациенти во потешка форма, освен двајцата критични кои се надвор од земјава.
Како што информира Таравари, Александар имал 35% изгореници на телото од трет степен, како и на дишните патишта.
Во петокот почина и Александар Карадаковски од Кочани, чиј погреб ќе се одржи утре на градските гробишта во градот.
Редакцијата на Инфомакс изразува сочувство на семејствата на сите загинати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…