29 лица се во притвор по вчерашните протести во Србија
Со наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, вкупно 29 лица се приведени до 48 часа поради насилно однесување по протестот одржан синоќа во центарот на Белград и напад врз припадници на Министерството за внатрешни работи.
Како што е наведено во соопштението на Вишото јавно обвинителство, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „насилно однесување на спортски настан или јавен собир“ и „напад врз службено лице при вршење на службена должност“, приведени се:
– И.Ј. (33), под сомнение дека удрил полицаец со шише по главата на улицата Масарикова
– Н.Н. (60), Ж.Ј. (37) и З. Л. (48) бидејќи, како што се сомнева, нападнале, клоцале, фрлале топовски ѓулиња и шишиња врз полицијата на булеварот Крал Александар
– М. А. (26) е осомничен за навредување на полицајци и физичка пресметка со нив, а во таа прилика носел маска на главата за да го скрие својот идентитет
– Ј.С. (21), бидејќи е осомничен за клоцање припадници на жандармеријата, како и затоа што го зграбил едниот од нив за десната нога и го влечел.
Во соопштението на ВЈО понатаму се наведува дека поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилно однесување на спортски настан или јавен собир“, притвор е одреден за:
– Г. В. (39) поради постоење основи на сомнение дека фрлал камења врз полицајци во близина на хотелот „Маркиз“
– А. М. (25) бидејќи е осомничен за фрлање дрвени столбови врз полицајци, како и А.К. (22) поради сомнение дека прскал и фрлал шишиња кон полицајци од покривот на продавница за алкохол
– И. С. (39) под сомнение дека фрлил камен кон полицискиот кордон на булеварот Крал Александар, додека во другата рака држел друг камен
– Д. Р. (33) и Ј. М. (35) под сомнение дека фрлале шишиња кон полицискиот кордон
– П.Ѓ. и Д. Г. под сомнение дека фрлале шишиња и камења кон припадници на полициската бригада
– М. Р. (22) под сомнение дека фрлал разни остри предмети кон полицискиот кордон
– Н. М. (28) под сомнение дека повеќекратно удирал по штитовите на полицајците со дрвена палка – Н.С. (34) под сомнение дека навредувал, се заканувал и фрлал разни предмети кон полицајци
– Б.Ѓ. (49), С. Ц. (45), В.З. (21), А. Б. (35), Д. Р. (23), В.С. (42), С. Н. (59), Ј.Ѓ. (23), Л.М. (21), Н.Ж. (21), Д.Т. (43), М.Ј. (43) и Н.В. (43) поради постоење основи на сомнение дека синоќа околу 23 часот на булеварот Крал Александар фрлале петарди, топовски ѓулиња и камења кон полицискиот кордон.
Исто така, по наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на 4 лица им е одреден притвор до 48 часа.
Три лица, се наведува понатаму во соопштението, се приведени поради постоење основи на сомнение дека во текот на вчерашниот ден пред почетокот на јавниот собир, нападнале полицајци, додека едно лице во алкохолизирана состојба сакало да ја прескокне оградата и да нападне ученици во Пионерскиот парк. Сите лица ќе бидат приведени на сослушување во текот на периодот на притвор, се наведува. Вишото јавно обвинителство во Белград, како што најавуваат, „во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи и БИА, ќе продолжи да работи на идентификување на другите лица кои синоќа ја нападнаа полицијата, со цел да бидат гонети согласно законот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
29 лица се во притвор по вчерашните…
Со наредба на Вишото јавно обвинителство во…
Вучиќ најави уште апсења – Вчера имало…
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до…
(Видео) Српски твитерџија низ солзи: Отру со…
Протестот „Се гледаме на Видовдан“ се одржа…
Директор на полицијата потврди: „Моравме да реагираме…
Директорот на полицијата во Србија, Драган Васиљевиќ…
(Фото+видео) Дел од вчерашните инциденти во Србија…
Полицијата тргна во јуриш против толпата демонстранти…