Објавено на:

(Фото+видео) Дел од вчерашните инциденти во Србија – Полицијата се судри со демонстрантите

t

Полицијата тргна во јуриш против толпата демонстранти во Белград, за да ги истурка кон Булеварот на ослободувањето, пренесува репортерот на Н1 за вчерашните случувања во Белград.

Ситуацијата ексалираше на булеварот „Крал Александар“. Се гледаат запалени факели, а полицијата ги потиснува и ги приведува демонстрантите. Се слушаат истрели од топови.

Според медиумите досега има десетици повредени и приведени.

Студентите во блокада објавија дека владата имала механизми за исполнување на нивните барања и дека секоја радикализација на ситуацијата е нејзина одговорност.

„Властите ги имаа сите механизми и доволно време да ги исполнат барањата и да спречат ескалација. Наместо тоа, тие се одлучија за насилство и репресија врз граѓаните. Секоја радикализација на ситуацијата е нивна одговорност“, објавија Студенти во блокада на мрежата X.

Српскиот претседател Александар Вучиќ дојде во Пионерскиот парк за да им се обрати на собраните граѓани. Тој побара мир и рече дека земјата е силна и ќе си ја заврши работата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Ги молам државните органи да си…

Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…

Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…

Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…

Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…

Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент

Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…

Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…

Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…