Објавено на:

3абeгaa и Американците: Отстpaнета статуа на Теодор Рузвелт затоа што била pacистичка

t

Статуата на поранешниот американски претседател, Теодор Рузвелт, што стоеше пред Природнонаучниот музеј во „Големото јаболко“, ќе биде преместена во претседателската библиотека на Рузвелт во Медора, во сојузната држава Северна Дакота. Одлуката за преместување на статуата ја донесе градската канцеларија за култура на Њујорк минатата година, но таа се реализира сега.

Работниците во текот на вчерашниот ден ја демонтираа статуата поставена во 1940 година, која на која е претставен поранешниот американски претседател на коњ, додека покрај него стојат индијанец и Афроамериканец. Критичарите ваквата композиција на статуата ја нарекоа симбол на колонијализмот и расизмот.


Природнонаучниот музеј на својата веб-страница објави дека е горд што е поврзан со семејството Рузвелт, но дека во моментов статуата „пренесува порака за расна хиерархија која музејот и јавноста веќе подолго време ја сметаат за вознемирувачка“.

Рузвелт, кој е еден од најпознатите американски претседатели во историјата, беше на функцијата од 1901 до 1909 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

3абeгaa и Американците: Отстpaнета статуа на Теодор…

Статуата на поранешниот американски претседател, Теодор Рузвелт,…

(Видео) Епcки потег на Британец: Зема чекан…

Демонстрант беше фатен на камера како крши…