3,15 ПРОМИЛИ – Лишени од слобода пијани возачи, едниот предизвикал и сообраќајка!
Лишени од слобода пет лица бидејќи возеле под дејство на алкохол, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа
На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот. Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.
На 25.01.2026 во 01:22 часот на ул. „3 Македонска Ударна Бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.К.(39) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „лада нива“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Д.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта.
На 24.01.2026 во 21:55 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода З.Н.(62) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,74 промили алкохол во крвта.
На 24.01.2026 во 22:35 часот на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода О.П.(46) од с. Селемли, општина Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „волксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал О.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта.
На 25.01.2026 во 01:43 часот на регионалниот пат 1109, Брана „Паљурци“, полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишија од слобода Д.Т.М.(46) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
3,15 ПРОМИЛИ – Лишени од слобода пијани…
Лишени од слобода пет лица бидејќи возеле…
Прегазена 19-годишна девојка на булевар кај Бит…
МВР информира дека синоќа во 20 часот…
Камион излета во провалија кај Деве Баир,…
Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се…
Тешка сообраќајна несреќа кај Македонски Брод –…
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне…
Во Тетово прегазена 73-годишна жена од скопско…
МВР информира дека вчера попладне во 14:00…