32-годишен Македонец убиен во Германија, бил претепан од двајца Еритрејци
Триесет и две годишен македонски државјанин, ноќта на 17 февруари бил убиен во германскиот град Есен, во тепачка по расправија со двајца Еритрејци.
Иако идентитетот за сега не е официјално потврден, сепак дел од порталите пренесуваат дека станува збор за Емре Исмаили од Жировница, кој бил на привремена работа во Германија и работел како помошник менаџер во Мекдоналдс. Инцидентот се случил во центарот на градот, а иако мотивот за сега не е познат, според германската полиција, се започнало како расправија која ексалирала во тепачка. Македонскиот државјанин според информациите, бил удиран со пивско шише по глава додека не изгубил свест, по што бил пронајден од случаен минувач кој се обидел да го реанимира, но по кратко време починал од сериозноста на повредите. Од германската полиција за Канал 5 велат дека бараат очевидци кои можат да го расветлат целиот настан и на тој начин да дознаат повеќе информации за причината за расправијата.
-Сега бараме луѓе кои виделе нешто, ги виделе осомничените вечерта. Но, немаме нови информации.
-Осомничените, луѓето кои го извршиле убиството, дали се уапсени?
-Еден од нив. Дваесет и девет годишен маж од Еритреја, е уапсен и нашите колеги од одделот за висок криминал ја истражуваат причината зошто се случило ова.
-Дали знаете нешто за мотивот?
-Не, не знаеме. Тоа е причината зошто бараме луѓе кои можат да ни помогнат за овој случај,–Полиција – Северна Рајна Вестфалија.
Од германската полиција информираа и дека на 29 годишниот Еритреец кој стои зад убиството му била одреден притвор, а неговиот соучесник 25 годишно лице, исто така од Еритреа било ослободено со мерки на претпазливост.
Случајот како што информираат од полицијата, го испитува и германското јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…