34 години од усвојувањето на првото државно знаме и химната на Македонија
Со одлука на Собранието на Република Македонија, на 11 август 1992 година беше усвоено првото македонско државно национално знаме. Ѕвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци.
Овој симбол се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Сoнцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет.
Спектакуларен примерок на ѕвездата е ископан во 1977 година за време на археолошки ископувања во Кутлеш, Егејска Македонија, од страна на професорот Манолис Андроникос. Тој го открил сонцето на златен ларнакс во гробниците на кралевите на Античка Македонија, која сметал дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски.
Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија.
Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.
Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16-краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.
„Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Пречникот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на пречникот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два“, гласел официјалниот опис на првото знаме на Македонија.
Со одлука на Собранието на денешен ден во ’92 година усвоена беше и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
34 години од усвојувањето на првото државно…
Со одлука на Собранието на Република Македонија,…
„За две години пензионерите добија линеарно зголемување…
„ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата…
Детали за смртта на Србинот на Халкидики:…
Одморот што требаше да биде спомен за…
Нападнале 14-годишник и се обиделе да му…
Двајца малолетници на возраст од 15 и…
Ужас во Македонија: 52-годишен маж полово вознемирувал…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.…