„За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани. За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача повеќе, за секој пензионер линеарно ги зголеми пензиите за 7.000 денари.
За домаќинство во кое двајцата сопружници се пензионери ова значи 14000 денари повеќе секој месец во домашниот буџет.
И додека владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на подобрување на животниот стандард од СДС и опозицијата преку иницијативи пред Уставниот суд имаше обиди мерката да ја оспорат но Владата остана доследна на определбата да ги заштити интересите на пензионерите за подобар животен стандард.
Исто така Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на мерки, проекти и политики кои носат конкретни резултати за граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…
Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…
Цените на нафтата пораснаа за околу два…