350 лежалки кои биле украдени пред две години во Италија најдени на плажа во Албанија: „Знаеме каде се, но немаме начин да си ги вратиме“
350 лежалки кои пред две години биле украдени од рекреативниот клуб „Онде Кјаре“ во Реџо Емилија, Италија, се најдени на албанската плажа Кејп Родони близу Драч. Украдените лежалки биле најдени случајно, кога една туристка ги препознала по написот и ги известила сопствениците на клубот. Иако е познато каде се наоѓаат, нивното враќање засега изгледа речиси невозможно.
Приказната започнува во јуни 2024, кога преку ноќ од базенскиот комплекс на клубот исчезнале 350 лежалки, чија вкупна вредност се проценува на околу 45.000 евра. Истрагата долго време не дала конкретни резултати, сè до случајното откритие во август 2025.
Случајот повторно привлече внимание деновиве, откако клубот објави видео на својата фејсбук страница со шеговитиот коментар „Ако некој оди на одмор во Кејп Родони, поздравете ги нашите лежалки“.
„Знаеме каде се лежалките, но и по две години, сè уште не можеме да најдеме начин да ги вратиме“, рече сопственикот на клубот Енрико Кавацони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…
Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…
Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…
Млада бремена жена вчера била убиена, а…