36 пожари за 24 часа, активни се три, под контрола пет
На ден 07/08.09.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 36 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 5 се под контрола, а 28 се изгаснати.
Активни пожари – 3:
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар).
Пожари под контрола – 5:
Општина Кичево: с. Тајмиште, место викано Дарда (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија);
Општина Ново Село: с. Стиник (паднати стебла);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума).
Изгаснати пожари – 28:
Општина Шуто Оризари: ул. „Брсњачка Буна“ – два пожари (ѓубре);
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани (шума);
Општина Босилово: с. Еднокуќево (депонија) и с. Моноспитово (ниска вегетација);
Општина Василево: с. Ангелци (ниска вегетација);
Општина Струмица: месност Софилар (ниска вегетација);
Општина Кичево: с. Кнежино и с. Добреноец (нискостеблеста шума), како и Влашки Пат (ниска вегетација);
Општина Дебар: с. Бомово (ниска вегетација);
Општина Могила: с. Српци (стрниште);
Општина Ресен: с. Курбиново (ѓубриште);
Општина Крушево: с. Алдинци (отпаден материјал);
Општина Липково: с. Слупчане – два пожари, с. Оризаре и с. Матејче (ниска вегетација);
Општина Куманово: населба Баново Трло и с. Ново Село (ниска вегетација);
Општина Старо Нагоричане: с. Руѓинце, проширен кон с. Орах (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
Општина Брвеница: с. Челопек (отпаден материјал) и с. Милетино (ниска вегетација, грмушки и шума);
Општина Тетово: с. Порој (ниска вегетација);
Општина Гостивар: с. Печково – два пожари и с. Равен (ниска вегетација);
Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација);
Општина Велес: кај црквата „Св. Спас“ (ѓубриште).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
36 пожари за 24 часа, активни се…
На ден 07/08.09.2026 година, до 07:30 часот,…
Македонија одбележува 35 години независност
На 8 септември 1991 година, граѓаните на…
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…