360 степени: Како премиерот Мицкоски стигнал до документи од Агенцијата за разузнавање дека бил следен?

t

На директно прашање, како дошол до документи од Агенцијата за разузнавање дека бил следен додека бил во опозиција, премиерот одговори дека на затворена седница на Владата ја задолжиле Агенцијата за разузнавање да провери дали е злоупотребен капацитетот на институцијата

Кога потоа, во интервјуто, беше соочен со аргументите дека претседателката на државата е таа што има ингеренции над Агенцијата за разузнавање, а не премиерот, Мицкоски рече дека не кажал оти станувало збор за Агенцијата за разузнавање

Точно еден месец помина откако премиерот Христијан Мицкоски, од Собранието, обвини дека тој и членови на неговото семејство биле незаконски следени од разузнавачко-безбедносна агенција додека бил во опозиција. Толку време помина и од моментот кога Обвинителството, по допрен глас, отвори предмет. Единственото што се дозна во меѓувреме е дека станува збор за дејствија кои се случувале во 2020 и/или 2021 година.

Па, темата беше дел од прашањата и во гостувањето на Мицкоски во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Уште на стартот на разговорот за тој сегмент, премиерот првично потврди дека станува збор за Агенцијата за разузнавање, за потоа да каже дека не рекол така.

Целиот текст и интервјуто погледнете ги на 360 СТЕПЕНИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…