40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри продажба на оружје на Израел за 2,8 милијарди долари
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри продажбата на тешки бомби на Израел во вредност од 2,8 милијарди долари, според американски претставник. Станува збор за една од најголемите испораки на американска муниција за Израел, забележува „Њујорк тајмс“.
Предложената продажба ќе опфати 40.000 бомби со тежина од по еден тон, чие користење од страна на Израел во Газа и Либан предизвика меѓународни критики поради последиците врз цивилното население и големиот радиус на разорување.
Експлозијата на бомба од 1.000 килограми може да биде смртоносна на оддалеченост од повеќе од 300 метри и да остави кратер длабок до 15 метри. Израел предизвика остри реакции откако употреби стотици тешки бомби во Газа.
Организации за човекови права и некои странски влади го осудија Израел поради употребата на ваква тешка муниција во густо населени области, при што во некои напади насочени кон само едно лице биле убиени десетици цивили.
Пакетот ќе вклучува по 20.000 американски бомби MK-84 и BLU-117, со тежина од еден тон. Израел ќе добие и 20.000 борбени глави I-2000, наменети за уништување бункери. Тие експлодираат со одложување откако ќе пробијат надворешна површина, како почва, карпа или бетон.
За големиот план за продажба на американско оружје на Израел прв извести „Вашингтон пост“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на средба и со Варнс:Се унапредува…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…
Америка објави „докази“ за постоењето на митското…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…
Трамп го смени шефот за сајбер-безбедност по…
Директорот за национална сајбер-безбедност на Белата куќа,…
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…