437 Македонци побарале евакуација од Блискиот Исток
Од почетокот на конфликтот 473 македонски граѓани побарале евакуација – МНР крои план за враќање од Израел преку Египет, во опција и владиниот авион.
Според министерството, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин.
– Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. Шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно асистираше во нивната координација и заминување. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за ангажирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови, велат од МНР.
Со исклучок на две експлозии кои се слушнаа по полноќ – состојбата во Катар досега е мирна, сведочи за ТВ 24 Миле Трифуновски, Македонец кој живее и работи во Катар. Вели дека препораките на властите се да седи дома и да не се излегува без реална причина.
– Состојбата во последните 24 часа може да се каже дека е мирна, со исклучок на две експлозии што ги слушнавме некаде после полноќ, остатокот на времето нема некакви активности на небото. Во текот на денешниот ден – ништо не се случи досега. Препораките од надлежните се да се седи дома и да не се излегува доколку нема реална причина за тоа. Во Катар сме околу 350 македононски државјани,со повеќето со кои се дружам не чувствуваат потреба да се евакуираат во овој момент. Аеродромот во доха е се уште затворен за сообраќај, дури и некој да сака да ја напушти Доха, единствено може тоа да го направи по копнен пат, вели Трифуновски.
Од МНР денеска соопштија и дека преку дипломатско конзуларните претставништва било асистирано излвлекување на едно лице од Иран – фудбалер, кој преку Турција се врати во Македонија. ТВ 24, пак, вчера објави дека станува збор за македонскиот фудбалер и репрезентативец Стефан Ашковски.
На 24-часовно располагање за граѓаните остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при МНР, но и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
437 Македонци побарале евакуација од Блискиот Исток
Од почетокот на конфликтот 473 македонски граѓани…
Иран со нови закани: Нафтата ќе стигне…
Генерал од Корпусот на иранската Исламска револуционерна…
Сиљановска-Давкова: Најголема гаранција за мирот и безбедноста…
Верувам дека најголема гаранција за мирот и…
Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години,…
Семејното насилство во станот каде што се…
(Видео) Филипче по обраќањето на Руте: Членството…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето…