Сиљановска-Давкова: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е неговата итна и целосна интеграција во ЕУ

t

Верувам дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан и за трајна отпорност на влијание од трети сили, а тоа му го пренесов и на генералниот секретар, е неговата итна и целосна политичка интеграција во Европската Унија, потенцира претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава.

Сиљановска-Давкова, како што посочи, очекува на претстојниот Самит на НАТО во 2026 година во Анкара, особено внимание да биде посветено на безбедносната состојба на Западен Балкан, со оглед на актуелните настани и предизвици.

-Укажувам дека мора да ставиме крај на вештачките причини и на причините од историски и идентитетски карактер за оневозможување на регионалното членство во ЕУ и да се концентрираме на Копенхашките критериуми. Одговорно тврдам дека најголемата инвестиција и гаранција, не само за нашата безбедност, туку и за безбедноста на Европа во целина е нашето членство и членството на Западен Балкан во Европската Унија – порача Сиљановска-Давкова.

Посетата на Руте, според Сиљановка-Давкоа е јасна потврда за важноста на сојузничката солидарност и на заедничката одговорност, особено што улогата на генералниот секретар е особено важна.

-Јас цврсто верувам дека НАТО не е само воен сојуз, туку дека е и заедница на споделени вредности, на споделена одговорност, но и што е најважно, на заедничка визија за безбедна иднина и ние продолжуваме да бидеме одговорна членка на НАТО сојузот – нагласи Сиљановска-Давкова.

Руте во рамки на денешната посета имаше обраќање во Собранието пред пратениците, како и средба со премиерот Христијан Мицкоски, собранискиот спикер Африм Гаши, верските заедници и дипломатскиот кор во земјата. Генералниот секретар на НАТО ја посети и касарната „Илинден“ каде што присуствуваше на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) на Армијата и на дел од опремата на оваа единица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МААЕ потврди: Во Сирија пронајден непријавен нуклеарен…

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри…

Бугарија испрати вербална нота во Србија –…

Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална…

Граната од Првата светска војна пронајдена во…

На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското…

ФФМ ја откажува поддршката за Џани Инфантино

Фудбалската федерација на Македонија откако претходно изрази…

(Видео) Огнената линија е долга 20 километри:…

Поради силен ветер, пожарот во прилепскиот дел…