5.000 директни, скоро 20.000 индиректни вработувања и плата од 800 евра: Американска фирма инвестира во Косово

t

Претседателот на косовскиот Независен синдикат на приватниот сектор, Јусуф Аземи објави денеска дека американската компанија за копови и рудници „Американ експлорејшн енд мајнинг ЛЛЦ“ („American Exploration and Mining LLC“) има намера да инвестира 800 милиони евра во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната вонредна прес-конференција, Аземи изјави дека ова е најголемата инвестиција на Балканот, со која ќе се овозможи вработување на пет илјади работници директно и до 20.000 индиректно.

Минималната плата, според него, ќе биде 800 евра, а ќе има и дополнителни додатоци и бонуси.

Синдикатите на приватниот сектор бараат од Владата да ѝ издаде на компанијата дозвола за работа што е поскоро можно, а нагласуваат дека и Амбасадата на САД во Косово препорачува реализација на проектот.

– Бараме од Владата на Косово да ѝ пружи поддршка и сè што е потребно согласно косовските закони, затоа што тие доаѓаат тука според законите кои се во сила. Американската амбасада ѝ препорача на Владата да го помине овој проект и ние немаме никакви сомнежи кога во тоа е инволвирана Американската амбасада. Ние сакаме да го истуркаме овој проект врз законски основи и не сакаме да ни побегнат инвеститорите,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…