5.000 директни, скоро 20.000 индиректни вработувања и плата од 800 евра: Американска фирма инвестира во Косово
Претседателот на косовскиот Независен синдикат на приватниот сектор, Јусуф Аземи објави денеска дека американската компанија за копови и рудници „Американ експлорејшн енд мајнинг ЛЛЦ“ („American Exploration and Mining LLC“) има намера да инвестира 800 милиони евра во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната вонредна прес-конференција, Аземи изјави дека ова е најголемата инвестиција на Балканот, со која ќе се овозможи вработување на пет илјади работници директно и до 20.000 индиректно.
Минималната плата, според него, ќе биде 800 евра, а ќе има и дополнителни додатоци и бонуси.
Синдикатите на приватниот сектор бараат од Владата да ѝ издаде на компанијата дозвола за работа што е поскоро можно, а нагласуваат дека и Амбасадата на САД во Косово препорачува реализација на проектот.
– Бараме од Владата на Косово да ѝ пружи поддршка и сè што е потребно согласно косовските закони, затоа што тие доаѓаат тука според законите кои се во сила. Американската амбасада ѝ препорача на Владата да го помине овој проект и ние немаме никакви сомнежи кога во тоа е инволвирана Американската амбасада. Ние сакаме да го истуркаме овој проект врз законски основи и не сакаме да ни побегнат инвеститорите,
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…