52-годишен Германец и 20-годишно момче од Охрид загинаа во сообраќајка на патот Битола-Ресен

t

52-годишниот возач кој вчера загина во страотна сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен, бил германски државјанин, кој загинал на самото место откако се судрил со „Опел“ возен од 20-годишно момче од Охрид. Младиот охриѓанец починал на пат кон битолската болница, соопшти денеска полицијата. Во несреќата е тешко повредено уште едно момче, на возраст од 19 години.

„На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(20) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од П.К.(52) од Сојузна Република Германија. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот П.К., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот П.Н. и неговиот сопатник Д.С.(19) од с.Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај П.Н. лекар констатирал смрт, додека кај Д.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од јавен обвинител и екипа од ОВР Ресен“, пишува во полициското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

52-годишен Германец и 20-годишно момче од Охрид…

52-годишниот возач кој вчера загина во страотна…

85-годишен возач удрил во паркирано „БМВ“ и…

85-годишен возач вчера се забил во паркирано…

Камион со храна се преврте во Газа…

Најмалку 20 лица загинаа кога камион со…

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…