62-годишен маж и давал насоки на 28-годишна девојка од Гостивар како да ограби билетарница – еве каква казна заработија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик, додека другото е обвинето за помагање при извршување на истото кривично дело.
Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 07.09.2021 година, извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар.
Вториот обвинет, на возраст од 62 години, ѝ помагал така што ѝ давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело.
Како вработено лице кај оштетениот, тој ѝ кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите.
Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории противправно одзела мобилен телефон Ајфон 5 и повеќе клучеви. Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработен во Пошта – Центар Жупа украл…
МВР информира дека ОВР Дебар поднесе кривична…
Украдени над 550 килограми марихуана од фабрика…
МВР информира дека синоќа околу 23:00 часот…
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
Жена нападната во Чаир од сопругот, свекрвата…
Денеска (06.11.2023) во 01.00 часот во СВР…
Хорор во Германија: 14-годишник избоде и уби…
Седумгодишно момче почина откако наводно било избодено…