66-годишен тетовец ја демнел поранешната девојка, ја терал да повлече пријава за објавени интимни слики
Жител на Тетово на 66-годишна возраст подолго време ја прогонувал поранешната девојка, која во еден момент и физички ја нападнал, терајќи ја да ја повлече кривичната пријава против него која ја поднела откако објавил нејзини фотографии на социјалните мрежи, соопшти МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.К.(66) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „демнење“. На 18.12.2024 пријавениот физички ја нападнал поранешната девојка и потоа постојано телефонски и се јавувал и барал да ја повлече пријавата што ја поднела против него, а на социјални мрежи објавувал нејзини фотографии“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…
Тетовските медицински сестри три месеци без плата…
Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…