700 нови работни места отворени во ТИРЗ за пет месеци

t

Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во ТИРЗ, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата, велат од ТИРЗ.

Заклучно со мај, бројот на работни места достигнал речиси 16.900. Тоа е за 15% повеќе од мај 2022, односно за 21% и 25% повеќе споредено со мај во 2021, односно 2020 година, покажува анализата. Од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 700 лица.

-Продолжува и растот на извозот кој заклучно со мај достигна 1.601 милијарди евра. Тоа е за 13% повисок споредено со првите пет месеци во 2022 година, односно за 22% повеќе во однос на истиот период во 2021. Само во мај компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 373 милиони евра што е највисоко ниво од почетокот на годинава и највисоко ниво на извоз споредено со месец мај во изминативе четири години.
И увозот во првите пет месеци од годинава достигна над 1,300 милијарда евра што е за 2% повеќе од истиот период лани, а на исто рамниште со 2021. Само во мај годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 285 милиони евра што речиси на исто рамниште со мај 2022 година и за 14% повеќе споредено со мај 2021 година, стои во анализата на ТИРЗ.

Оттаму додаваат дека се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што во ТИРЗ во последниве две и пол години се постигнати договори во вкупен обем од над 850 милиони евра и истите треба да донесат над 8.000 нови работни места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Инвестиција од 400-500 милиони евра во…

Мицкоски најави голема инвестиција од 400-500 милиони…

Бруто платата во ТИРЗ во март 2024…

Анализата на ТИРЗ покажува дека просечната бруто…

ВЛАСТА ЌЕ ГИ УНИШТИ СЛОБОДИТЕ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ!…

ИТАР ПЕЈО СЕ СЕТИЛ ДА ГРАДИ СОНЧЕВИ…

700 нови работни места отворени во ТИРЗ…

Продолжува растот на бројот на работни места…

Николоски: Во ТИРЗ има 2400 нови вработувања,…

Заменикот министер за финансии Филип Николоски во…