ВЛАСТА ЌЕ ГИ УНИШТИ СЛОБОДИТЕ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ! Груевски прашува на кој “Итар Пејо” му текна да гради сончеви колектори со ОГРОМЕН ПРОФИТ за него на ШТЕТА на државата?!

t

ИТАР ПЕЈО СЕ СЕТИЛ ДА ГРАДИ СОНЧЕВИ КОЛЕКТОРИ ВО СЛОБОДНИТЕ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ. ОСВЕН ШТО ЌЕ ОНЕВОЗМОЖИ ГРАДЕЊЕ НОВИ ФАБРИКИ, НЕМА ДА ПЛАЌА ДАНОЦИ И ЦАРИНИ И ЌЕ ДОБИЕ РЕЧИСИ БЕСПЛАТНО ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ И ЦЕЛОСНО ИЗГРАДЕНА ИНФРАСТРУКТУРА СО ДРЖАВНИ-НАРОДНИ ПАРИ НАМЕНЕТА ЗА ИДНИТЕ ФАБРИКИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСАТ ЗА ДА ВРАБОТУВААТ НЕВРАБОТЕНИ ГРАЃАНИ И ДА СЕ ЗАДРЖАТ МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Просто е неверојатно што сѐ, се случува во Македонија и да не беа во прашање криминални мотиви веројатно во странските новински магазини ќе беше сместено во рубриката “глупости од светот”.

Одкако власта доживеа тотален дебакл во привлекувањето на нови странски директни инвестиции, сега на неколку месеци пред избори се сетиле на нешто што ниту една друга влада во светот не се сетила: во слободните економски зони (ТИРЗ) кои не успееја ни приближно да ги донаполнат со фабрики, празните површини ќе ги пополнувале со сончеви колектори на приватни инвеститори.

На толку празни земјишта низ Македонија кои спаѓаат во ниска земјоделска категорија односно неповолни за земјоделие, ќе го завземат местото на урбанзиран и инфраструктурно изграден простор наменет за изградба на фабрики кој треба да вработат илјадници невработени и истите да помогнат во зголемување на платите на вработените во земјата, бидејќи колку е помала невработеноста, ако продуктивноста е соодветна, платите ќе растат. И на толку доделени лиценци од страна на владата на свои блиски, сега сакаат и слободните зони да ги уништат од кои народот чек леб, чека работни места, кои се простор кој треба да ги задржи во земјата многу од денешните ученици или студенти кои по 3,5 или 7 години ќе се појават на пазарот на труд да бараат работа.

Логиката, освен онаа лукративната е:

“ако нас не нѐ бива да донесеме инвеститори, тогаш барем да им оневозможиме на следните влади, да тие немаат каде да донесат грин филд инвестиции, односно ново изградби фабрики.

Нека губат 2-3 или можеби 4 години во нови подготовки, нека бараат во буџетот нови милиони евра народни пари за инфраструктура, пред се за пренос на струја, пристапни патишта, ограда, водоводи, канализации, дупови, гупови, огласи, експропријации, идеен план, основен план, тендери и друго губење време и народни пари, а оваа изградбата ќе си ја земеме за нашите или нам блиските приватни форми и ќе се збогатиме”.

Народот нека чека работа и повисок животен стандард! Нека се иселуваат илјадници млади луѓе во странство! Нека живее земјата во мизерија!

А кај еден или најмногу пет луѓе ербапи – итар пејовци, на радоста ќе и нема крај.

Ајде што тоа не е законски што планираат да го прават, ајде што нема реакција на ниту една институција задолжена за спречување криминал, од антикорупциската комисија па до ОЈО, или од т.н. независно истражувачкото новинарство, туку станува збор за давање на привелегирана положба на тие кои ќе добијат можност таму да градат цели 50 мегавати и тоа сигурно ќе биде само почеток, па освен што земјиштето го добиваат речиси бесплатно на користење на 99 години (наводно ќе барале некаков надоместок, не кажуваат колку), истите согласно законот за ТИРЗ десет години не треба да плаќаат данок на добивка, персонален данок на доход и царини и ДДВ за увезената опрема и додатно ќе имаат поконкурентен во однос на цената производ (струја) во однос на другите производители и ќе преставуваат нелојална конкуренција на локалниот пазар на струја или во одредени периоди екстра субвенционирана струја од државата за продажба надвор од земјата.

Во изградбата на тие зони вложени се милиони евра народни пари, донесени се високо напонски приклучоци за струја, канализација, водовод, изградени улици, огради и што ли не, за во нив да се вработат следните 40 илјади или повеќе невработени лица плус индиректни вработувања уште најмалку 20 илјади, а сега во сите такви зони ќе има практично по еден вработен колку што е доволно за еден соларен парк и многу екстра профит на оној Итар Пејо кој стои зад ова. Бидејќи сигурно не го прават ова од загриженост заради зелената трансформација, затоа што истата може да се направи со инвестиции надвор од зоните, па макар и во нивна близина, туку за личен огромен милионски профит, а на веќе инвестирано од парите на целиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бруто платата во ТИРЗ во март 2024…

Анализата на ТИРЗ покажува дека просечната бруто…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

ВЛАСТА ЌЕ ГИ УНИШТИ СЛОБОДИТЕ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ!…

ИТАР ПЕЈО СЕ СЕТИЛ ДА ГРАДИ СОНЧЕВИ…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Урнебесен статус на Иљче: Ване Цветанов ќе…

„Виктор Стојанов нуди 300 евра на македонски…