Објавено на:

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СО ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

t

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје започнаа со реализација на тековните  викенд-активности за собирање и транспорт на отпадот од поставените контејнери и канти во сите скопски општини, како и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини.

Активностите се одвиваат и во централното градско подрачје – на улицата и плоштадот Македонија, како и на кејот „13 Ноември“, каде што се врши рачно метење и празнење на корпите наменети за одлагање ситни отпадоци, додека  истовремено се реализира и рачно метење под надвозникот на булеварот Гоце Делчев.

Воедно во текот на денешниот ден, екипите на Претпријатието извршија подигнување  и транспорт на речиси 30 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците Mетодија Митевски, Вуковарска и Благоја Паровиќ во скопската општина Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…

Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…