72-годишниот маж и претходно го пријавувал помладиот сосед во полиција
Повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе, а денеска и двајцата се пронајдени со прострелни рани. Ова го одговорија од МВР на прашање од МИА, во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија.
– Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР.
Претходно, МВР излезе со информација за МИА, дека демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.
– Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цеца овој пат спиела: Двајца прилепчани фрлиле…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца…
Трамп: Доцна е за разговори, никој не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „никој…
„Инженери на Македонија“: РКЕ ја штити ЕВН…
Според Здружението, РКЕ ја погазува својата основна…
Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ:…
Ај да ги потсетам уште еднаш нашите…
Подготовки за војна? Десетици американски воени авиони…
Анализата на податоците за следење на летот…