83-годишен маж од Битола измамен за 10 илјади евра, му кажале внука му паднала по скали и било потребно да се направи итна операција!
На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
83-годишен маж од Битола измамен за 10…
На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР…
Пронајдена дрога во Битола, кривична пријава за…
Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното…
Украл автомобил, возел пијан и без возачка…
На 23.02.2026 година во 01:15 часот на…
Приведен возач во Маџари, возел пијан и…
Минатата ноќ возач со 1.65 промили алкохол…
Пожар во куќа во Битола – нема…
На 22.92.2026 во 01:06 часот во СВР…