(Видео) Исмаил од Левица: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

t

На собраниската седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, упати директно прашање до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, околу можниот ризик од корупција поврзан со заемот што Македонија го склучи со Обединетото Кралство, преку агенцијата UK Export Finance (UKEF).

Исмаил побара од министерката која тврдеше дека нема да има никаква корупција околу овие пари, да одговор дали е запознаена со ревизорски извештаи и експертски анализи кои укажуваат на контроверзна пракса на UKEF во слични проекти во други земји.

Министерката одговори дека „не е надлежна да ги знае посочените ревизорски извештаи“, по што следеше контрареплика од пратеникот, кој ја обвини дека ја минимизира сериозноста на потенцијалниот проблем.

Тој се повика на извештајот Turning a Blind Eye на д-р Сузан Холи од The Corner House, каде што се документираат девет случаи на сомнителни проекти во земји како Кенија, Бангладеш, Гана, Индија, Катар и Јужна Африка, финансирани од UKEF, со сериозни обвинувања за мито, корупција и институционална немарност.

„Вие се обидовте да оправдате дека нема да има корупција, бидејќи станува збор за британска агенција. Но, UKEF како агенција наведена во членот 2 од Договорот никако не е гарант за тоа“, истакна Реџеп Исмаил.

Како дополнителен доказ, Исмаил се повика и на извештајот Spotlight on Corruption, каде што се наведува дека UKEF има склучено договори вредни 340 милиони фунти со компании како Airbus и Rolls Royce – и двете санкционирани поради глобални шеми за поткуп. UKEF, според извештајот, чекала 13 месеци за да пријави сомнежи за корупција кај Airbus до британската Канцеларија за сериозни измами, а притоа не одбила ниту една апликација врз основа на корупциски сомнежи.

„Они не се мрднати, они се паметни. Вие ќе бидете тука корумпирани, а они ќе ви дозволат свесно тоа да го направите“, истакна пратеникот од Левица.


​​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука,…

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере…

(Документи+Видео) На крајот парите завршувале во ВМРО-ДПМНЕ?!…

Македонија се соочува со најголемата измама и…

Брука невидена! Државата пак ќе собира донации…

Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со…

Распад на енергетскиот систем: Управа со измислени…

После 10 дена од испаѓањето на РЕК…

(Видео) Кривична пријава за узурпација на јавен…

Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“…