90 доживотни казни за масовен убиец кој уби 23 лица во супермаркет

Самонаречениот бел националист кој уби десетици лица во продавница „Волмарт“ во Тексас планирано стрелајќи во Јужноамериканци доби 90 последователни доживотни затворски казни, јавија дел од американските медиуми.
Пресудата беше изречена од федерален судија по дводневни емоционални сведочења пред судот на жртвите и нивните семејства.
Патрик Крузиус (24) беше осуден денеска во судот во Ел Пасо по обвиненија за вршење злосторство од омраза за што тој се изјасни за виновен во февруари годинава
На 3 август 2019 година во масовно пукање во Ел Пасо супермаркетот „Волмарт“ Крузиус уби 23 луѓе и рани 22. Тој намерно стрелал само по Јужноамериканци. Градот се наоѓа во близина на границата со Мексико.
Властите подоцна го окарактеризираа нападот како домашен тероризам. Осудениот со обвинителството потпишал договор за помека казна, но се соочува со уште едно судење на државно ниво во кое може да добие смртна казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиецот од Словачка бил најдобар ученик во…
Според словачките медиуми, ученикот Самуел (18) кој денеска…
Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор
Од затворот Штип вчера било пријавено дека…
Oфицијално е уапсен убиецот од загрепското училиште,…
Тинејџерот кој со нож уби седумгодишно момче…
(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово
Нема вода, а тоалетот кој го користат…
Полицајци привеле осуденик, па немало место во…
Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…