Со Шилегов, Скопје стана еден од најзагадените градови во светот, сега конечно доаѓаат решенија за овој голем проблем

t

За загадувањето на Скопје кое се повтори и оваа зима, проговорија од Град Скопје со соопштение каде велат дека недостасувале системски мерки и решенија за справување со загадениот воздух.
Соопштението го пренесуваме во целост:

– „Со Шилегов Скопје стана еден од најзагадените градови во светот, сега
конечно доаѓаат решенија за овој голем проблем

Во најмал случај срамно е Петре Шилегов, човекот кој четири години не презема
ниту една системска мерка за справување со загадениот воздух, проблем кој
директно влијае на здравјето на граѓаните, сега преку објави на Фејсбук да се жали
за состојбата во која тој го доведе Скопје.

Петре Шилегов четири години имаше шанса да стори нешто на ова поле, но
наместо решенија Скопје е ден од најзагадените градови во светот. Човекот кој за
мерка ги сметаше временските прилики и дали ветерот ќе го исчисти воздухот, не
би смеело воопшто да си дозволи да зборува на оваа тема.

Градот Скопје конечно презема системски и конкретни мерки за справување со
еден од најголемите проблеми на граѓаните, загадениот воздух. За разлика од
претходните години кога на ова поле не беше преземено речиси ништо, новата
градска администрација овој горлив проблем за скопјани го стави како еден од
најголемите приоритети.

Токму поради тоа, уште на стартот на мандатот на градоначалничката Данела
Арсовска се започна со интензивно чистење на дивите депонии, каде што се
согоруваше опасен отпад и шут, кој влијае врз загадувањето на воздухот. За прв
пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и
здравјето на граѓаните.

Во моментов се работи на целисходно системско решение од повеќе
комплементарни мерки за обезбедување на повисок квалитет на живот и почист
воздух, нешто што во изминатите години не беше случај и тоа резултира на
континуирано загаден воздух во Скопје.“ – пишува во соопштението на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…