(Видео) БГНЕС: Во Македонија се врши прогон на писатели за навреда на македонскиот народ

t

Веста за кривичната пријава за писателот и публицист Ким Мехмети, поднесена против него од страна на лидерот на Левица Димитар Апасиев се најде и во бугарските медиуми.

Во свој материјал бугарската информативна агенција БГНЕС соопштува за кривичната пријава за Мехмети и потсетува дека само пред 10-на дена Мехмети имаше интервју за агенцијата во кое истакна дека Македонија и Македонците се уште се робови на српските политички сфаќања дека за државата се штетни само Бугарите и Албанците.

„Во оваа Македонија каде пред цел свет се навива „Смрт за Албанците“ и „Само мртов Албанец е добар Албанец“ конечно и јас завршив таму каде што припаѓам – пред обвинителите и судовите на оваа земја.

Не знам зошто, но чувствувам чест што ме тужи и ме обвинува ЛЕВИЦА, партија која смрди на антиалбанизам и која предизвикува повраќање секогаш кога ќе го слушнам нејзиното име, а камоли да се занимавам со тоа, се вели во реакцијата на Мехмети откако ја добил поканата од Обвинителството. – Пишува ТРИБУНА.

Неодамна, Ким Мехмети во интервјуто за БГНЕС истакна дека ни Албанците ни Македонците не ја чуствуваат Македонија за своја држава, како и тоа дека Гоце Делчев сам се прогласил за Бугарин, иако спротивно на историските факти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БГНЕС: Од „Бугарите се нецивилизирани бедници “…

По потпишувањето на договорот за изградба на…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

БГНЕС: Европскиот парламент ќе го признае македонскиот…

Европскиот парламент (ЕП) е пред усвојување на…

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…

БГНЕС објави документ: Божиновска во 2004 со…

„Изјавувам дека имам бугарска самосвест и бугарско…