МВР санкционираше 94 возачи во Скопје во текот на вчерашниот ден
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.12.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 94 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19, 12 санкции за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка…
На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР…
Регистрирал возила, а парите си ги ставал…
Од МВР поднесоа нова кривична пријава поради…
„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…
Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…
Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…
Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…
Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…
На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…