Пронајдени над 50 мигранти во камион – приведено едно лице
На 27.12.2021 во 22.00 часот на наплатната станица „Романовце“, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Ќ.(39) од с.Стојаково, гевгелиско.
При контрола на товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, биле пронајдени 53 лица – мигранти, од кои 34 лица од Индија и 19 лица од Куба. Исто така, при контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблици кои припаѓаат на други возила.
Мигрантите биле сместени во Тразитниот центар „Табановце“, а возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал…
На 21.09.2026 во 01:10 часот во Велес,…
ТРАГЕДИЈА ВО СТРУМИЧКО: Усмртен 47-годишен пешак
На 21.09.2026 околу 01:30 часот во СВР…
Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера…
Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти детали…
Безживотно тело најдено на Шар Планина
Околу 17 часот и 30 минути од…
Загинатата 17-годишна девојка во несреќата кај Битола…
Седумнаесетгодишната девојка која го загуби животот во…