УНИ Банка воведе трговија со благородни метали
УНИБанка АД Скопје, на 22.12.2021 година, ја прошири својата понуда на услуги и производи и за прв пат на македонскиот пазар воведе нов продукт – Трговија со благородни метали и инвестициско злато.
УНИБанка АД Скопје е првата Банка во земјата која увезува и тргува со инвестицискo злато што вклучува златни плочки со чистота од 999.9/1000 (24 карати) и златни монети со чистота од 900/1000 (22 карати) и со поголема чистота , согласно стандардот “London Good Delivery” и се тргуваат на London Bullion Market Association (LBMA). Банката набавува злато од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати дилери на злато.
УНИБанка АД Скопје им нуди на своите клиенти широк асортиман на златни производи по исклучително конкурентни цени, изработени со современи технологии и највисоки стандарди. Производите може да се погледнат во просториите на експозитурите Централа и Ист Гејт, како и на веб страната – www.unibank.mk
Производите кои се нудат на продажба се со тежина изразена во грамови и тоа: 2; 5; 10; 20; 31,10 (1 трој унца); 50; 100 гр. и истите може да се купат во двете експозитури. Клиентите имаат можат да нарачаат производи со поголема тежина а истите Банката ги увезува за нивна сметка.
За повеќе информации на следните телефонски броеви:
Дирекција Трежри Експозитура Централа Експозитура Ист Гејт
02/3286-307 02/3286-136 02/3128-281
02/3286-143 02/3286-122 071/286-854
02/3286-127 02/3286-139
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…
ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…
Европскиот извоз во трети земји во мај…