„Не може да не поделиме со Косово“: Албанија му нуди електрична енергија на Косово за новогодишните празници
Не може, а да не го поделиме она што го имаме, му порача албанскиот премиер Еди Рама на Косово, нудејќи му електрична енергија за новогодишните празници.
Откако изрази загриженост во врска со енергетската криза во Косово, Рама на Твитер напиша дека побарал од Министерството за енергетика да ја рагледа секоја можност за помош на косовската Влада, со цел ниту едно семејство во Косово да не остане без струја за новогодишната ноќ и празниците.
– Не може да не поделиме со Косово онолку колку што имаме. Со сериозна загриженост ја следам состојбата таму. Ќе ја разгледаме секоја можност на семејствата да не им недостига електрична енергија за новогодишните празници, напиша Рама.
Тој додаде дека бранот на енергетската криза и се заканува на секоја земја, но без оглед на тоа „постојните можности не може да не ги подели и со Косово”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…
Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…