Вонредна состојба на Косово
Со тоа оваа институција ја поддржа одлуката на Владата за вонредни мерки за ограничување на снабдувањето со енергија, пренесува Коха.
Одлуката што значи дека намалувањето на снабдувањето со енергија станува законска е донесена со 57 гласа пратеници, а 17 воздржани. Никој од присутните во салата не беше против.
Вонредните мерки поради енергетската криза ќе важат најмногу 60 дена, а опфаќаат воведување ограничувања во снабдувањето со енергија на потрошувачите и наметнување посебни обврски за енергетските компании.
Одлуката предвидува формирање на Итна техничка комисија за утврдување и поднесување препораки до министерот за економија. Комисијата има задача да препорача спроведување на мерки за справување со негативните ефекти од економската криза. По препораките, Министерството треба да објави задолжителни рестриктивни мерки.
Собранието може да ги продолжи итните мерки за уште 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…