Тензиите во БиХ продолжуваат: „Цела Америка против малиот Додик“

t

Република Српска и следната година ќе продолжи да се бори за позицијата регулирана со Дејтон, изјави српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Тој тврди дека не се плаши од американски или германски санкции и забележува дека Република Српска понудила платформа за разговори со Федерацијата БиХ за наметнатите одлуки, но дека Бошњаците тоа не го сакаат.

Мислат дека ќе се ослободат од Додик, па ќе дојде некој што ќе се согласи со се што ќе кажат и тој ќе се повлече на ниво на БиХ, а потоа ќе биде виновен, па ќе го уништат и него“, рече Додик.

Тој потврди дека Република Српска нема да разговара со Кристијан Шмит додека Советот за безбедност на ОН не го потврди за висок претставник.

Додик рече дека новите законски решенија во врска со Високиот судски и обвинителски совет на РС ќе влезат во Парламентот на РС на крајот на јануари.

„Ќе го укинеме Законот на Ешдаун за забрана на располагање со државниот имот на РС. Потоа ќе го регулираме имотот на РС, пред се шумите и земјоделското земјиште, со новиот закон, бидејќи тврдиме дека Уставниот суд бил апсолутно политички мотивиран кога одлучувал“, истакна Додик.

На прашањето дали е загрижен поради најавата за санкции, Додик одговори дека веќе неколку години живее во режим на санкции.

„Глупости е роа што го направија само за да ме спречат да дојдам на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кога јас го поддржав“, изјави Додик.

Тој додаде дека никогаш повеќе нема да бара виза за Америка и дека санкциите повеќе му личат на импотенција.

“Цела Америка се пресметува со еден мал Милорад Додик. Понекогаш кога останувам си кажувам колку сум моќен. И да ви кажам право, се смеам”, рекол Додик.

На изјавата дека се споменуваат и германски санкции, Додик одговори дека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која се залага за санкции, како што рече, „нема поим за БиХ“ и „нема никаква врска со тоа што се случува овде“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…

Системот на дуално образование во Германија сè…

Во потрага по решение за високите нивоа…

Си Џипинг: Кина и Америка треба да…

Кина и Америка треба да бидат партнери,…

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…