Објавено на:

Велика Британија годинава се движи кон нови извори на енергија

t

Нуклеарната фузија е процес што се случува секој час на Сонцето и другите ѕвезди, а британските научници планираат да ја донесат оваа огромна моќ како извор на енергија во 2022 година за еден чекор поблиску до употреба на нашата планета пишува Би-Би-Си.

Британија планира и други алтернативни извори на енергија за домаќинствата и во таа смисла владата ќе им понуди субвенции на граѓаните за да се откажат од греењето на енергенси кои ја загадуваат животната средина.

Со фузија се произведува многу енергија само од мала количина на гориво и не произведува јаглерод диоксид, но за да се предизвика оваа реакција и да се одржи, потребни се екстремни температури и притисоци.

Научниците и инженерите се борат со овој проблем со децении, и постигнаа значителен напредок во последниве години, а Велика Британија веќе е дом на ЏЕТ, еден од водечките проекти за фузија во светот.

Британската Влада ќе направи уште еден чекор напред и ќе објави каде ќе го лоцира STEP, прототип на електрана со фузија, која се предвидува да започне со работа до 2040 година, пренесува Би-Би-Си.

Лондон веќе издвои 220 милиони фунти и ќе се натпреварува со програми од други земји, но и со десетици приватни иницијативи, кои сакаат фузијата да ја претворат во комерцијална реалност.

Од април 2022 година на домаќинствата во Велика Британија ќе им бидат понудени субвенции од 5.000 фунти за поставување топлински пумпи, електрични уреди кои ја апсорбираат топлината од воздухот, земјата или водата околу зградите, јавува Би-Би-Си.

Идејата е државните субвенции да фи мотивираат домаќинствата да се префрлат на овој извор на енергија и со тоа да му дадат поттик на пазарот, а се е дел од владиниот план за намалување на емисиите на стакленички гасови на нето нула до 2050 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен…

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…