Објавено на:

Франција го скрати периодот на изолација од 10 на седум дена

t

Во Франција, задолжителниот период на изолација на лицата заразени со корона вирусот, кои се целосно вакцинирани, ќе се скрати од 10 на седум дена, соопшти денеска министерот за здравство Оливие Веран.

Француските власти следат други земји, кои претходно оваа недела го скратија задолжителниот период на изолација, како што се САД.

– Изолацијата може да биде укината по пет дена во случај на негативен тест. Оние кои не се вакцинирани ќе мора да се изолираат 10 дена, со можност да излезат од изолација по седум дена под истите услови, рече министерот Веран за француски „Журнал ди Диманш“.

Тој, исто така, рече дека новата варијанта омикрон е премногу заразна за да се запре нејзиното ширење, освен ако повторно не се воведе „строг локдаун“.

Според официјалните податоци објавени вчера, Франција стана шестата земја во светот која пријавила повеќе од 10 милиони заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Француските здравствени власти вчера регистрираа 219.126 нови случаи, четврти ден по ред како во земјата се регистрираат повеќе од 200.000 случаи на новозаразени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…