Опожарена куќа во Куманово – гореле стрниште и слама во Старо Нагоричане

t

Три интервенции бележат противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане за изминатава ноќ, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Кумановската противпожарна единица интервенирала на опожарена куќа, додека пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожари запалено стрниште и сува трева во атар на село Драгоманце и на слама во село Канарево.

– Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше од 23:33 до 00:45 на запалена куќа спроти ресторанот „Корнер“. На пожарот интервенирано било со едно возило и пет пожарникари, соопшти РЦУК.

Противпожарната единица на Старо Нагоричане гасела пожари интервенирала во село Драгоманце на запалено стрниште и сува трева во периодот од 12:00 до 13:00 ч. каде учествувале со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

– Втората интервенција е во село Канарево на запалено копа од слама во периодот од 13:00 до 15:00 часот каде учествувале со противпожарно возило и двајца пожарникари, соопшти РЦУК Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…

Оружје и голема количина кокаин најдени во…

Вчера во периодот од 15:00 до 16:30…

За шест часа санкциониран 541 возач за…

Вкупно 541 прекршок за управување возило со…

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка…

На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР…