Полициски службеници извлекле тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица

t

На 02.01.2022 во 18.25 полициски службеници од ОВР Ресен добиле пријава – повик за помош од Ј.Д.(20) од Битола.

Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „сузуки”, со битолски регистарски ознаки, заедно со своите сопатници А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима. Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот, по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…

Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…

Утре ќе нема струја до 14:30 часот…

Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…

Tоварно возило прегази велешанка

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…

Утре без вода делови од Маџари и…

Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со…

Уапсен е 17 годишник – силувал 15…

МВР информира дека вчера попладне во 16:00…