Откриен досега непознат дел од човековата вилица

t

Група швајцарски научници открија нов, досега непознат дел од човековото тело. Тоа е третиот слој на мускулот на долната вилица за којшто науката досега не знаеше.

Засега не се разгледувало дали има трет слој на овој тн. масетеричен мускул. Во испитувањата се користени 12 глави од човечки тела, кои биле складирани во формалдехид, а потоа и расчленети. Освен тоа, и глава на жива личност била прегледана со магнетна резонанца.

Кога се стегаат забите и се ставаат прстите на образот, можно е да се забележи мускулот, а неопходен е за џвакање храна. Новитетот е објавен во научното списание „Аналс оф анатоми“ (Annals of Anatomy).

Според Јенс Кристоф, еден од истражувачите и професор на швајцарскиот Универзитет на Базел, ова е исклучително битно откритие.

Според д-р Силвија Мезеј, која го водела истражувањето, овој дел од мускулот, веројатно, ја стабилизира долната вилица и ѝ дозволува да се врати накај увото. А, откритието пак, според научниците, покажува колку човекот не си ја познава анатомијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен…

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти…

Ди Цајт: Победа на Русија ќе значи…

Русија не треба да ја добие војната…

Диносаурусите сè уште постојат на други планети,…

Диносаурусите можеби биле изумрени пред повеќе од…