Објавено на:

Му ја откри аxиловата пета: Путин ја знае слабата точка на Бајден

t

По надворешнополитичките неуспеси на тимот на американскиот лидер Џо Бајден, претседателот на Русија, Владимир Путин, ги гради односите со администрацијата на Белата куќа од позиција на сила, изјави поранешниот советник на Доналд Трамп за одбрана, Кори Милс.
Говорејќи на Fox News, водителот го праша експертот дали има забележлива разлика во односите меѓу Русија и САД за време на мандатите на Бајден и Трамп.
„Дефинитивно има разлика. Сите видоа дека Бајден е слаб. Во Русија видоа како заврши Авганистан. Тие гледаат како постапува претседателот во ситуацијата со Тајван и континентална Кина“, прецизира Милс.
Според него, неуспесите на американската влада се толку големи што ја гледаат слабоста на администрацијата на Бајден не само во Русија, туку и во Кина и Иран. Милс заклучува дека противниците на САД тоа активно го користат.

Рускиот и американскиот лидер Владимир Путин и Џо Бајден разговараа телефонски на 30 декември, втор пат во еден месец. Според Кремљ, Бајден се закани со големи санкции поради ситуацијата со Украина. Рускиот лидер одговори дека тоа би било голема грешка, бидејќи во тој случај може да следи целосен прекин на односите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Крај на војната во Украина и…

Конфликтот во Украина мора брзо да се…

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…

Бајден е најмалку популарниот американски претседател во…

Според резултатите од последното истражување на јавното…

(Фото) Само во Русија: Изложба на воени…

Запленетите германски тенкови Леопард 2 и пешадиско…