Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово: Учествувале три возила, неколку лица завршија во болница

t

Вчера (3 јануари) околу 17 часот, во СВР Тетово пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане, а во која учествувале три патнички моторни возила: „ауди“ со хрватски национални ознаки управувано од 48-годишниот Ф.А. од тетовски Пирок, „мерцедес“ со гостиварски ознаки што го управувал 20-годишниот Б.А. од гостиварско Сенокосе и „опел“, исто така, со гостиварски ознаки, управуван од 55-годишниот М.А. од тетовско Боговиње.

Во несреќата, сопатничката од „опелот“, Д.А.Х.(32) од гостиварско Дебреше се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и уште еден сопатник од истото возило се здобиле со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тепачки и закани го одбележале вчерашниот ден…

Два одделни инцидента се случиле за само…

Уапсен 82 годишник, ја тепал сопругата подолг…

На 20.08.2026 во 15:05 часот во Велес,…

Тепачка во угостителски објект во Тетово –…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…

Пензионер од Охрид му вперил пиштол на…

73-годишен охриѓанец ќе одговара за две сериозни…

Лажен лекар од Штип измамил жена за…

Лажен лекар од Штип доби кривична пријава…