Објавено на:

Трамп го поддржа Орбан на претстојните избори во Унгарија

t

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп му даде поддршка на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на претстојните парламентарни избори во земјата, опишувајќи го го како „силен лидер“.

Во соопштение објавено синоќа, Трамп истакна дека унгарскиот лидер ја има неговата „целосна поддршка и одобрение“ на изборите во април.

Орбан изврши моќна и прекрасна работа за заштита на Унгарија, спречување на нелегалната имиграција, создавање нови работни места, развој на трговијата, и на претстојните избори треба да му се дозволи да продолжи – изјави Трамп.

Крајно е необично поранешни или сегашни претседатели на САД да даваат јавна поддршка за кандидати на изборите во други земји.

Орбан во 2016 година беше првиот лидер на земја членка на ЕУ кој даде поддршка на кандидатурата на Трамп на претседателските избори во САД. Во 2019 година Орбан беше гостин на Трамп во Белата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си Џинпинг ќе ја посети Србија на…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во…

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица

Во спасувачка потрага синоќа е пронајдено 66-годишно…

Макрон на крајот од месецов во државна…

Францускиот претседател Емануел Макрон од 26 до…

Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим…

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири…