Општина Кисела Вода целосно ја осветли трим патеката

t

Комплетно е осветлена трим патеката во Кисела Вода. Општина Кисела Вода постави нови дополнителни столбови на потегот од општина Центар, кон делот кој води кон новиот парк на “Есенинова”. На оваа локација, се работи за седум нови петметарски столбови со лед светилки. Дополнителни единаесет нови светлосни столбови се поставени и во продолжението кое води кон внатрешноста на Кисела Вода. Со подобрувањето на електричната дистрибутивна мрежна инфраструктура, оваа пешачка патека лоцирана покрај железничката пруга, покрај тоа што редовно се чисти, сега може да се користи и во вечерните часови. Ова е од големо значење за жителите на Кисела Вода, но и на Аеродром и Центар, бидејќи е локација која редовно се користи за одмор и рекреација.

Воедно, Општина Кисела Вода реадовно реагира на сите пристигнати пријави од граѓаните поврзани со прегорени светилки и постапува по барањата за дополнително улично осветлување, со што се подобрува и ликот, но и безбедноста во овој дел од градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…

10 години од поплавите во Скопје во…

Скопје денеска одбележува десет години од невремето…

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…

Слаб земјотрес вечерва во Скопје

Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…

Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје

На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…