(Фото) Уби човек па го зaпaли, ocyден е на 18 години затвop, а се сликаше во скопско кафуле

t

25 годишниот полицаец Енвер Тоска од Битола беше осуден на 18 години затвор за свирепото убиство на 36 годишниот битолчанец Бекир Алили, што се случи лани во септември во близина на прилепското село Беловодица. Тоска пред судот ја призна вината за убиството.

Убиството се случи на 14 септември 2018 година , кога Тоска во близина на селото Беловодица, најправо со службениот пиштол со 4 куршуми го застрела Бекир Алили, а потоа го запали неговото тело и го напушти местото. Од убиениот одзел паричник со 4000 евра, кои биле наменети за купување автомобил, по кој тргнале двајцата сограѓани.

Инаку Енвер Тоска е активен на социјалните мрежи особено на инстаграм каде редовно објавува фотографии од затворот како тренира, но последната негова фотографија е надвор од затвор, односно во кафуле.

Се поставува прашање по каква основа затвореник осуден на 18 години затвор по само три години поминати за решетки е пуштен на слобода.

Претходно Инфомакс објави дека Тоска е во одлични односи со заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ Агим Нухиу кој во моментов е заменик министер за правда.

И додека Нухиу беше гласен против листата на помилувања која требаше да заврши кај Пендаровски, Нухиу молчи за свирепиот убиец кој е осуден на долгогодишна затворска казна, а е фотографиран на слобода.

Тоска бил близок пријател и со минситерот од редовите на ДУИ Артан Груби, но и со обвинителот кој бараше притвор за екс-министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Освен со Артан Груби, Тоска бил и познаник на јавниот обвинител Дилавер Бектеши кој инсистираше на притворско затварање на екс-министерот за внатрешни работи Митко Чавков, дури и по информацијата дека тој преживел инфаркт и дека неговата здравствена состојба е сериозно нарушена за да издржи таков стрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…