(Видео) Забегана работа: Наставничка вакцинирала малолетен ученик без да има дозвола во својот дом…

t

Наставничката Лора Русо од Њујорк е уапсена затоа што вакцинирала ученик против корона вирусот и покрај фактот што нема формални медицински квалификации.

Според полицијата, Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом. Наставничката по биологија е уапсена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена ѝ се заканува казна затвор до четири години.

Наводно, 17-годишникот сакал да ја прими вакцината.

Се појави и видео од контроверзната вакцинација, на кое Русо му вели на ученикот: „Ќе бидеш добро, се надевам… Ете така – вакцинација дома!“

Директорот на средното училиште „Херикс“, изјави дека вработената Лора Русо, е отстранета од настава и прераспоредена до крајот на истрагата.

Русо е обвинета за практикување медицина без потребни дозволи. Првото судско рочиште ќе се одржи во текот на месецов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставничката која тепаше детенце НАЗНАЧЕНА ЗА В.Д…

Гордана Јоначиќ е избрана за В.Д директор…

Ученик од Велес со лисици врзал соучесник…

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште…

Наставник нападнал ученик во Дебар, ќе одговара…

Наставник во училиште во дебарско село ќе…

Наставник натепал ученик во Џепчиште

Во полицијата во Дебар вчера било пријавено…

Убиецот од Словачка бил најдобар ученик во…

Според словачките медиуми, ученикот Самуел (18) кој денеска…