Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието
Во соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ велат: Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието.
Димитар Ковачевски, спротивно на закон ги постави на политички позиции Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн и Ана Маркова Данева, продекан на медицинскиот факултет.
Ковачевски спротивно на закон ги поставил Ралев и Маркова Данева во ИО на СДСМ, а тие двајцата спротивно на закон прифатиле и со тоа се компромитирале и себе и факултетите кои ги претставуваат како нивни први лица.
Како челници на своите матични факултетите Ралев и Маркова Данева за да не ги компромитираат установите од кои што доаѓаат треба веднаш да си дадат оставки на позициите во образованието кои што ги држат, но и да си дадат оставки и во ИО.
Ако Ралев и Маркова Данева ги почитуваа законите, тие или немаше да прифатат да членуваат во ИО на СДСМ, или ќе си дадеа оставки од деканските места уште пред да бидат именувани на позиции во СДСМ.
Со секој поминат ден на чело на факултетите, Ралев и Маркова Данева го деградираат образованието и го компромитираат, со што нанесуваат трајна штета. – Пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…