Излегуваат сведоштва за невиден рекет а институциите молчат
Во соопштение до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ велат: ЈО да отвори постапка против Заеви, излегуваат сведоштва за невиден рекет, а институциите молчат.
Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски во јавноста изнесе сведоштво дека Зоран и Вице Заев се на чело на криминалното милје во Македонија. Докази за тоа постојат како што кажаа таткото и синот Јовановски, во телефонот на Бојан Јовановски.
Тие одлучувале и наредувале, кој да биде притворен, кој и кога ослободен, кој осуден, а кој пуштен. Целиот систем е користен во функција на криминалната мрежа на власт.
Ги повикуваме институциите и луѓето професионалци кои не се дел од шемата на Заеви да отворат постапки час поскоро.
До кога Обвинителството ќе ги штити главните виновници во случајот „Рекет“? Вистината мора да излезе на виделина.
До каде се кривичните пријави коишто ги поднел обвинетиот Бојан Јовановски кон лица од власта, меѓу кои од врвот на СДСМ?
Правосудството во Република Македонија се покажа и докажа изминативе години дека е контролирано од Зоран Заев и тоа е факт којшто го знаат сите и не може да се промени. Тој тужи, тој суди, тој рекетира и тој одлучува што понатака со човечки судбини. – Пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…