(Видео) Ковачевски и тимот уште неседнати во фотелји, работат незаконски и се правдаат со лаги
Интегрален текст од прес-конференцијата на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
СДСМ се обидува со невистини да го покрие незаконското работење, свесното кршење на закони, свесното компромитирање на високото образование.
Ковачевски и тимот уште неседнати во фотелји, работат незаконски и се правдаат со лаги.
Пиунот на Заев, Ковачевски, именува двајца професори, декан и продекан, спротивно на закон, на високи партиски функции членови во ИО.
Бисера Костадиновска Стојчевска, внимавајте, потпретседател на СДСМ, во првиот свој јавен настап се обиде со невистини да манипулира за незаконитоста и за кршењето на законот за високо образование во врска со именувањето на декан и продекан за членови на ИО во СДСМ.
Двајца професори, членови на СДСМ, универзитетски декан и продекан, го кршат законот и прифаќаат да се членови на највисоко партиско тело Извршен одбор на СДСМ, тело коешто според статутот на партијата, креира и спроведува политики и е одговорно за внатрешното структуирање на партијата.
И никој од нив не се извинува веќе петти ден, ниту презема одговорност или покажува доблест да ја смени одлука.
Ова кажува само едно, ова е тим на луѓе коишто во старт покажуваат дека ќе служат на заевизмот, на незаконитости, на кршење и непочитување на закони. Тоа е СДСМ, служење со лаги и незаконско работење само во заштита на криминалот и корупцијата, во заштита на Зоран Заев неговите интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…
ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…
Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…